Се е подготвено за утрешниот старт на учебната година во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Битола, вели директорката Гордана Анастасова. Годинава за разлика од минатата ќе биде без ковид протоколи. Утре во училишниот двор со свечена приредба ќе бидат пречекани 124 првачиња. Бројот на првачиња е ист како ланската година.
За учениците од второ и од петто одделение има нови наставни програми според Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно.
Денеска на учениците од прво до осмо одделение им беа доделени и сведителствата.
Во ОУ СВ.Климент Охридски утре школската година ќе почне за 1050 ученици.












