Денеска до 19 степени

0
241

Во поголем дел од земјата ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец. Kон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во западните планински подрачја ќе има повремен слаб дожд (над 2000мнв повремен слаб снег). Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Од петок ќе настапи стабилизирање на времето со значително повисоки дневни температури, особено за време на викендот кога на планините ќе има забрзано топење на снежната покривка.