Денеска завршува Дигиталниот самит на Западен Балкан

0
330

Првиот Дигитален самит на Западен Балкан завршува денеска во Скопје. Македонскиот премиер Зоран Заев на вчерашното отворање изјави дека „дигиталната револуција ги отстранува граничните бариери“. Според учесниците на самитот, иднината на човештвото е во дигиталната техника која пак, отвора нови можности и им помага на граѓаните и државите.

Пониски цени за роаминг и за земјите од Западен Балкан, кои не се членки на Унијата. Ова е една од заложбите на лидерите од регионот, за која се дискутираше на Дигиталниот Самит. На иницијативата на Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои сакаат нивните граѓани да плаќаат помалку кога зборуваат во регионот и Унијата, се приклучуваат и Албанија и Косово. Падот на цените е прифатлив и за Европската Комисија. Како би се движело намалување и за колку проценти, ќе се прецизира наредниот месец во Софија