2625 места за бруцоши на битолскиот универзитет според конкурсот за новата aкадемска 2022/2023 година. По првиот уписен рок кој беше кон крајот на месец август, сега на овој универзитет за вториот уписен рок има слободни 1808 места. Тоа значи дека на првиот упсиен рок се запишале 845 бруцоши.
На техничкаиот факултет во Битола за вториот уписен рок има 299 слободни места, на факултетот за информатички и комуникациски технологии 142 места, на техничко-технолошкиот факултет во Велес 64, на економскиот во Прилеп 175 слободни места, на факултетот за туризам и угостителство во Охрид 228, на педагошкиот во Битола 152 места, на факултетот за безбедност во скопје 182 места, на факултетот за биотехнички науми 95, на ветеринарниот 37, на високата медицинска школа 134 и на правниот факултет во Кичево 300 слободни места.

За вториот уписен рок бројот на слободни места за студенти во државна квота е 723, со школарина за студирањето 680 и за вонредни 405.

Ова значи дека најмногу слободни места има на правниот во Кичево и на техничкиот во Битола 300, односно 299 места.
Во првиот уписен рок најмногу студенти се запишале на факултетот за безбедност во Скопје, а најмалку на ветринарниот во Битола и технолошко-техничкиот факултет во Велес.
Денеска и утре септември е вториот уписен рок, а третиот уписен рок ќе биде на 26 септември.












