ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА НА ПРВАТА ВЛАДИНА СЕДНИЦА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ

Со почеток во 12:00 часот во просториите на Владата ќе се оддржи првата седница на Владата.

На седницата меѓу другото ќе се дискутира за предлогот за линеарно зголемување на пензиите како и за именувања на раководни кадри во неколку државни институции.

Деновиве премиерот Мицкоски рече дека првото линеарно зголемување ќе биде со септемвриската пензија, кога ќе бидат покачени за 2 500 денари. Второто линеарно зголемување ќе биде во март со нови 2 500 денари.

Премиерот вели дека во моментов во Буџетот нема пари за покачување на пензиите, но со ребалансот на буџетот на кој, како што рече работат со министерката за финансии, а кој треба да биде во средината на јули, ќе се обезбедат пари за линеарно покачување на пензиите.