Денеска обвинение за „Рекет“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, потврди обвинителката Вилма Русковска.

Првоосомничен во случајот е Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. За трговија со влијание се сомничи и Зоран Милески Кичеец, додека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во врска со овој случај синоќа бил одреден куќен притвор за потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ. Обвинителката Вилма Русковска по исказот на Мандиќ рече дека кај тројца осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес.

Обвинителката посочи и дека еден од осомночените побарал спогодба за првиот дел од истрагата. За претеничката Фросина Ременски, Русковска рече дека се определени мерки на претпазливост, односно одземање на патна исрпава, забрана за напуштање на престојувалиштето и еднаш неделно да се јавува во судот.

Share.