Денеска облачно со врнежи од дожд

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат поинтензивни во северните и централните делови , каде локално се очекува да наврнат над 25 литри на мерат квадратен.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури. Според Управата за хидрометеоролошки работи температурите ќе се движат од 8 до 18 степени. Променливо облачно и врнежливо време ќе има и во сабота.

За време на Велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и потопло.

Share.