Денеска променливо облачно со повремен дожд

0
292

Денеска времето во целата земја ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во текот на денот ќе се преместува кон исток. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

И во наредните три дена времето ќе биде облачно, малку посвежо, со повремени врнежи од дожд и грмежи и дневни температури од 14 до 24 степени.