Денеска седница за законот за јазиците, неизвесно е дали ќе почне расправата за амандманите

0
200

За денеска на пладне е закажано продолжението на 32. Собраниска седница на која една од точките на дневниот ред е и третото читање за Законот за употребата на јазиците. Неизвесно е дали седницата за законот ќе почне со амандмаанска расправа и дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат само на оваа точка од дневниот ред.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазиците поднесе над 35.000 амандмани.

На неделнатаа средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не беше постигнат договор во однос на Законот за употреба на јазиците во Собранието. Секој си остана на своите позиции – за СДСМ законот е уставен, а Мицкоски рече дека остануваат на ставот дека Законот за употреба на јазиците е неуставен и треба да биде повлечен.

„Ако се има малку разум, законот треба да се донесе во Собранието, па кој смета дека не е уставен да го оспори пред Уставниот суд, а не да се блокира Собранието пред вакви важни моменти за изгласување еден куп реформски закони од кои зависи европската иднина на Македонија“, рече Заев.

Претседателот на државата Ѓорге Иванов не го потпиша указот за овој закон и го врати законот во Собранието со забелешки. Потоа опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 35 илјади амандмани.

mkd.mk