Денеска седница за пратенички прашања, ВМРО ДПМНЕ не доаѓа

0
163

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи седница за пратенички прашања до Владата, вообичаено за секој последен четврток во месецот.

Изминатите месеци, ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на оваа седница, бидејќи, не учествуваа во работата на Законодавниот дом.

Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев вели дека тие ниту денеска нема да присуствуваат на седницата.