Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори. Се гласа на 3.480 избирачки места во земјава, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.814.317 граѓани.
На претседателските избори денеска можат да гласаат и граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи на 24 јули 2023 година до 24 април.
Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година, избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.












