ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СОНЧЕВО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 18 СТЕПЕНИ

Утрово -2 степена во Лазарополе, -1 Попова Шапка, 1 Маврови Анови, Битола, Крушево, Тетово, 2 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, Претор, 3 Берово, 4 Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, 5 Велес, Демир Капија, 6 Кавадарци, Гевгелија, 10 Дојран.

Врнежи од дожд имаше и некои региони. Најмногу 7 л/м2 наврнаа во  Попова Шапка, 5 Тетово, 4 Пожаране, Крива Паланка, Крушево, 3 Охрид, 2 Прилеп, Виница, Маврови Анови, Претор, 1 Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и утрово претежно ведро со мала до умерена локална облачност. Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Битола до 18 степени.