ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СОНЧЕВО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 9 СТЕПЕНИ

Утрово најстудено со -8 степени беше во Берово, Попова Шапка, -6 Скопје-Петровец, Битола, Крушево, Маврови Анови, -5 Струмица, Демир Капија, Крива Паланка, Штип, -4 Тетово, Прилеп, Претор, Охрид, Дебар, -3 Велес, Виница, -2 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 2 Дојран, 3 Гевгелија.

Во текот на ноќта времето беше претежно ведро слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утрово е претежно сончево и тивко.

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени. Во Битола до 9 степени.