ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СОНЧЕВО И СТУДЕНО ВРЕМЕ

Утрово најстудено со -10 степени беше на Попова Шапка, -7 Маврови Анови, -6 Крушево, -4 Охрид, -3 Претор, Берово, Прилеп, -2 Крива Паланка, Дебар, -1 Битола, Виница, 0 Скопје-Зајчев Рид,  Дојран Тетово, Струмица, Велес, Кавадарци, Штип, 1 Скопје-Петровец, 3 Демир Капија, 4 Гевгелија.

Висината на снежната покривка е 20 см во Дебар, Ѓуриште, 17 Крушево, 14 Битола, Крива Паланка, 12 Берово, Охрид, 10 Прилеп, 5 Куманово, Штип, 2 Претор.

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со локални врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Дуваше умерен до силен северен до северозападен ветер најизразен вдолж Повардарието и особено на повисоко. Утринава снег провејува на североистокот.

Денеска претпладне променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег. Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец (над 70 км/час).

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени. Во Битола до 4 степени.