Денеска сончево и топло, од петок со дожд

0
249

Претежно сончево и топло со мала облачност. Минималните температури од 0 до 5, а максималната од 19 до 25 тепени. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утре ќе се задржи претежно сончево и потопло. Во четврток се уште ќе биде топло, а попладне ќе има зголемување на облачноста со локален дожд и ретки грмежи. Во петок ќе има врнежи од дожд со услови за појава на локална нестабилност. Повеќе врнежи се очекуват во северозападните и јужните делови. Ќе дува умерем до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.