Денеска сончево и топло

0
302

Претежно сончево и топло поради што ќе продолжи забрзаното топење на снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 16 до 22 степени.

Утре во попладневните часови најпрвин во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Потоа во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.