Денеска сончево со умерена облачност и силен ветер

0
503

Сончево со умерена облачност, во западните и североисточните
делови на места значително облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од западен и југозападен правец, повремено со брзина и над 80 км/час. Кон крајот на денот брзината на
ветерот ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.

Од утре до среда времето ќе биде претежно сончево, а дневната температура ќе биде во пораст. Нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува кон крајот на работната седмица.