Денеска со ветер, дожд и снег

Утрово најстудено со -1 степен бепе во Лазарополе, 0 Попова Шапка, Куманово, 1 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, 2 Скопје-Петровец, Тетово, Штип, 3 Крива Паланка, Крушево, 4 Виница, Берово, 5 Дебар, 6 Охрид, 7 Демир Капија, Струмица, Гевгелија, Претор, Дојран, 9 Прилеп, 10 Битола.

Во текот на ноќта и утрово претежно облачно и ветровито, во западните делови со засилен западен ветер, а во горниот дел на Повардарието со засилен северен ветер. Утрово ветерот постепено се менуваше во северен вдолж целото Повардарие. Има и локални врнежи од дожд, главно во западните и северните делови од земјава.

Времето денеска  претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места. Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени. Во Битола до 15 степени.

Утре претпладне променливо облачно, во југозападните делови ќе има слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

 

Сподели