Утрово -2 степени на Попова Шапка, Лазарополе, 0 Крушево, 1 Маврови Анови, Битола, Прилеп, 2 Претор, 3 Берово, Дебар, Охрид, 4 Крива Паланка, 5 Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, 6 Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Виница, 7 Кавадарци, 8 Велес.
Наврнат дожд 10 л/м2 во Гевгелија, 4 Дојран, 3 Берово, Претор, Дебар, 2 Струмица, Лазарополе, Охрид, 1 Маврови Анови, Штип, Виница, Крива Паланка, Велес, Крушево, Тетово, Попова Шапка.
Во текот на ноќта и утрово времето е облачно, наместа со врнежи од дожд. По одделни котлини има појава на магла. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Времето денеска облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места. Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени. Во Битола до 5 степени.












