Утрово -7 степени во Берово, -5 Струмица, Битола, -4 Демир Капија, -3 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Штип, Гевгелија, -2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Лазарополе, -1 Крива Паланка, Виница, Маврови Анови, 0 Охрид, Претор, Крушево, Дојран, Попова Шапка.
Во текот на ноќта и изутринава времето беше претежно ведро и студено. По одделни котлини има појава на магла или ниска облачност. Во Тетово хоризонталната видливост е намалена до 50м.
Денеска претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени. Во Битола до 9 степени.












