Денеска Талески во судот во Битола

0
2152

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески пристигна на рочиштето во Основниот суд во Битола за предметот на Основното јавно обвинителство од Битола за „несовесно работење во службата“.

Како што претходно беше објавено се работи за Офицерскиот дом во Битола, за што во обвинителниот акт стои дека иако бил должен да обезбеди одржување, не презел се што е потребно за заштита на објектот кој е во надлежност на општина Битола.