Денеска температури и до 25 степени и селен ветер над 80 км/ч

0
225

Времето денска променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен повремено силен јужен ветер (над 80км/ч, а на планините и над 100км/ч). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Највисоката темература ќе достигне од 18 до 25 степени.

Утре претежно облачно со повремен пороен дожд и ретки грмежи, особено повеќе врнежи се очекуваат во источните и североисточните делови на земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 5 до 11,а највисоката температура ќе достигне од10 до 18 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег.
Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.