Утрово -3 степени во Скопје-Петровец, Берово, -2 Струмица, Демир Капија, -1 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 0 Штип, Куманово, Велес, Кавадарци, 1 Крива Паланка, 3 Прилеп, Дебар, Маврови Анови, Лазарополе, Попова Шапка, 4 Битола, Дојран, Виница, 5 Тетово, Крушево, 6 Претор, 7 Охрид.
Според Управата за хидротеоролошки работи 30 см е снежната покривка во Маврови Анови, 12 Крушево, 10 Попова Шапка.
Денесака во најголем дел од земјава сончево и релативно топло со мала облачност. По котлините, особено долж Повардарието постудено со појава на магла, која попладне ќе слабее. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен, а во југоисточните слаб северен ветер.
Максималната температура ќе достигне од 8 до 17 степени. Во Битола до 12 степени.











