ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА 28 СТЕПЕНИ ВОДАТА ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Освен дневните и температурите во текот на ноќта се високи, околу 20-от степен. А, каква е температурата на водата во езерата?

Според информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи денеска во 13:00 часот, на мерното место Наколец во Преспанското езеро била измерена темепратура на водата од 28 степени, во Охридското езеро темепратурата во 13:00 часот била 26 степени, а во Дојранското езеро дури 29,8 степени, што е најтопло езеро во Македонија.

Со оглед на тоа што продолжува периодот на многу топло време, условите за капење во македонските езера се идеални, особено за Охридското езеро кое при пониски дневни температури е постудено.