Денес бесплатни прегледи на црниот дроб

0
2148

Денеска битолчани во медицинско возило во дворот на Клиничката болница имаа можност да направат бесплатен преглед на црниот дроб и да се тестираат за хепатит Ц и ХИВ вирусот.Мобилниот инфо хеп центарот е медицинското возило  опремено со најсовремена опрема за дијагностика. Возилото е донација од Брисел, а е во сопственост на хрватско здружение за борба против болести на црниот дроб. Како што рече претседателката  на Евроспкото здружение Татјана Реиќ , прегледите биле безболни, и траеле неколку минути, практично наликувале на контрола со ултра звук и ја заменувале инвазивната метода на биопсиоја на црниот дроб.

-Многу сум горда што ние како Здружение можеме да го понудиме своето знаење и помош за пациетите во Македонија. Во следните три-четири дена да им пружиме помош на неколку стотици пацинети и други граѓани од Битола, Тетово, Гостивар, Скопје и манастирот ‘Св. Јован Бигорски’Медицинското возило е современо опремено со најнова технологија.  Работиме со локаклни доктори од локалните болници, а оние критични пациенти ќе се препраќаат на понатамошно лекување на лекар. Сето ова го правиме во склад со глобалната стратегија на Светската здравствена организација за елеминирање на вирусните хепатити до 2030 година“, рече Татјана Реиќ, претседател на Европското задужение за борба против болести на црниот дроб.

Заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски потврди дека во Министерството се работи на стратегија и регистер на лицата заболени од вирусен хепатит и додаде дека ќе се  ќе се направи обид Македонија да добие слично возило.

-Ќе вложиме многу во превенцијата, во едукација на населението и здравствените работници за да ги едуцираме за самозаштита од оваа болест, да им објасниме каква е трансмисијата бидејќи секаде во светот превентивата е многу поевтина отколку последиците од оваа болест. Карциномот на хепар може да доведи до една потешка, посериозна состојба која во краен случај завршува и со трансплантација на хепар која не секогаш е успешна. Целта е Македонија до 2030 година да го исклучи хепатитот како болест на населението, рече Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство.

Мобилниот хеп центар во Македонија допатува во соработка со „Хепар“ Центарот од Битола.

-Сме во процес заедно со Министерството на набавка на современи медикаменти за одреден број критични пацинети во Македонија. Имавме неколку случаи на трансплатнација, меѓу кои и 25 годишен битолченец, кој имаше две трансплантации и компликации. Заменик министерот успеа да набави почетна донација за тој дечко и пацинетот се стабилизира. Очекуваме импелементирање на современите лекови во Македонија и што поголем број на пацинети да ги добијат и да се намали бројот на смртни случаи и на трансплантации, рече Милан Мишковиќ од Хепар Центарот во Битола.

Градоначалничката Петровска најави подршка на Хепар Центарот, со што би се намалило ширењето на болестите на црниот дроб.

-Можеме да се вклучиме во делот на едукација на младата популација особено во основните и средните училишта и преку едукација би се овзоможило превентивно да се спречат сите идни потенцијални можности за заразување со оваа болест, рече  Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Обиколката на Мобилниот инфо хеп центарот ќе трае четири дена.