ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕС ВО БИТОЛА ДО 12 СТЕПЕНИ

Утрово -4 степени во Берово, -3 Маврови Анови, -2 Битола, Крушево, -1 Демир Капија, Струмица, Дебар, Гевгелија, 0 Скопје-Петровец, Штип, Претор, Крива Паланка, 1 Тетово, Охрид, Прилеп, Кавадарци, 2 Велес, Куманово, Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно. Дуваше слаб ветер од северен правец. Изутринава е сончево со мала облачност, наместа дува слаб ветер од северен правец.

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени. Во Битола до 12 степени.