Денес во Битола 39 степени, а утре до 40

Времето денес сончево и особено топло со мала локална облачност во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 43 степени. УВ=9.

Продолжува периодот на стабилно и особено топло време. Максималните температури особено во појужните делови од Повардарието ќе бидат за 2 до 3 степени повисоки од 40 степени. Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Денеска во Битола максималната температура до 39 степени, а за утре според информациите од УХМР се очекува да го достигне  40-от степен.

 

 

Сподели