Денес е првиот ден на пролетта

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во 4 часот 49 минути и 37 секунди утрово стигна пролетта на северната хемисфера. Во исто време на јужната Земјина полутопка почна есен. 21 март е 80-иот ден во годината според григоријанскиот календар (81-и во престапна година).

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти, и се случува двапати годишно, на почетокот на пролетта и на есента.

Двата моменти кога Сонцето е точно над екваторот (кога оската на вртење на Земјата е нормална на вртежната рамнина) се викаат рамноденица.

Рамноденицата, особено пролетната, играла значајна улога во културата на сите цивилизации од минатото. Почетокот на пролетта бил поврзан со почеток на земјоделските работи, или со приложување на жртви заради успешен род. Пролетната рамноденица била прославувана и како почеток на новата година. Во Македонија, најстарото познато наоѓалиште на кој се определувал датумот на рамноденицата е Кокино, од околу 1800 г. п.н.е.

Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 20 јуни 2020 во 23 часот и 43 минути, кога ќе почне летото, а остануваат уште 285 денови до крајот на годината.

Share.