Фестивал на староградска музика и вино во старата битолска чаршија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Битола – градот со голема традиција и
богато културно – историско
наследство, со себе носи многу приказни
кои се раскажувале некогаш, се
надградувале и менувале, онака како што
градот го менувал својот лик, така, како
што времето ја креирало својата
сегашност, на начин, на кој што се
создавала историјата. Старата битолска
чаршија, било местото на еснафот на
градот. Токму таму, на местото каде што
денес е спојот на ориенталното и
градското живеење во единствениот,
делумно сочуван дух на 09 ти и 10 ти
август ќе се одржи фестивал на
Староградска музика и вино.
Чаша добро вино и одлична староградска
музика, македонски шлагери со цел да се врати
духот на битолската чаршија.
Настанот се реализира пред
Монмартрот, кај чешмата во срцето на
чаршијата, а ќе настапат повеќе музички
групи и самостојни изведувачиДенес на овој фестивал ќе настапат: Група Екстраваганза, група
Деспина, Билјана
Дамјановска-Јанчевска, Димитар
Андоновски и Борче Наумовски.

Бидете дел од настанот кој ќе го врати
сјајот на битолската чаршија, велат
организаторите на „Фестивалот на
Староградска музика и вино“.

Share.