ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕС НА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА ДВЕ МАКЕДОНСКИ МОНОДРАМИ

Денес на Фестивалот на монодрама ќе бидат изведени две македонски монодрами: „Торонто Експрес“ и „Срам“.

„Торонто Експрес“ ќе биде од 19.30 на Големата сцена во Центарот за култура.

Оваа претстава на МНТ Скопје, е на авторот Зоран Спасов, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ.

„Торонто Експрес” е агенција за имиграција за помош во Канада. Целта на операцијата е да се регрутираат сите Македонци, со цел тие колективно да се преселат во ветената земја. Со агенцијата раководи генералниот директор Јордан Симонов, кој е светски познат експерт да ве убеди да го напуштите родното огниште и да заминете во белиот свет. Програмата и презентацијата ги подготви Зоран Спасов Џоф, претседател на одборот на Македонската заедница. Во замена за оправдано отсутниот водител Митре Стрелата, оваа мисија во последен момент му беше доделена на Александар Микиќ – водител без искуство.

Од 21.30 на Новата сцена во Центарот за култура ќе биде изведена „Срам“ на Тииит .Инк.

Креативни соработници: Милош Б. Андоновски – режисер, Ева Камчевска – драматург, автор режија и актер: Ангела Стојановска. Претставата е збир од 10тина лични приказни на актерката кои се фокусираат на срамот.

„Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Срамот кој сум го негувала долго време, срам кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.“ – Ангела Стојановска.