ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕС НА ФЕСТИВАЛОТ НА МОНОДРАМА ПРЕТСТАВИ ОД ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА

Од 19.30 на Големата сцена од Центарот за култура гостува Мана Чума Театарот од Калабрија регионот од Италија со претставата „Како мало зрно песок“.

Автор на истата се Салваторе Арена и Масимо Барила, режија и актер Салваторе Арена. На 18 годишна возраст, Џузепе Гулота, млад градежен работник е уапсен и присилен да признае убиство на двајца полицајци во мала касарна во провинцијата Трапани, во Сицилија.

Злосторството крие некажана мистерија: тајни служби и државници кои се занимаваат со неофашистички групи, трговија со оружје и дрога. Со цел да се прикрие молчењето, секој може да е жртвено јагне. Гулота живееше 22 години заклучен во затвор за злосторство кое не го извршил и 36 години законски пекол.

Од 21:30 на Новата сцена од Центарот за култура ќе биде изведена монодрамата „Крвава свадба“ на театарот Абрего Кантабрија, Шпанија.Претставата е по мотиви од Ф.Г. Лорка, адаптација Пати Доменек, режија Хорхе Лопез и Пати Доменек, актер Мариа Видал.

 Ко-продукцијата на Abrego Productions (Шпанија) и Desdelsur Theatre (Аргентина), започнува како резултат на висцералната конфронтација помеѓу строгите вредности наметнати од страна на законите и бескорисната крвава борба на некој кој продолжува да се бори со цел да задржи мал дел од индивидуалната слобода, и покрај тоа што е дел од тоа општество.

Првиот одраз е делегитимирање на политичкото и родовото насилство или неговата употреба како поетска дозвола. Ова дело започнува како истражувачки процес на “Универзумот на Лорка” до иновативно сценско дело. Како и сите претстави на Пати Доменеч- кои се напишани повеќе за изведба отколку за читање- постојано се стреми кон независност на изведувачките уметности во однос на драмската литература, со цел да се врати интегративната функција на сцената назад кон изворниот театар.