Денес на Фестивалот на монодрама ќе биде изведена претставата на Спам Студио,Софија-Бугарија, „Кученцето се насмеа“, по романот „Прашај ја прашината“ од Џон Фанте, Претставата ќе се одигра на Новата сцена со почеток од 20 часот и истата е во режија на Ана Батева. Актер Севар Иванов.

Романот “Прашај ја прашината“ е адаптиран и во филм од 2006 година со Колин Фарел и Салма Хајек во главните улоги. А Чарлс Буковски, кој воедно го пишува и предговорот на романот „Прашај ја прашината“, вели дека токму овој автор го инспирирал да стане писател.
После неа следува претставата на Театар Painted Bird, Истанбул, Турција, „Куќата на Нора“, од Хенрик Ибзен. Претставата ќе се одигра во 21.30 на Големата сцена на Центарот за култура. Истата е во режија на Јешим Кочак и Јале Карабекир, а игра актерката Седа Елхан.

Tiyatro Boyalı Kuş, со својата продукција наречена “Куќата на Нора”, ги спојува куќите на куклите и Норите на 21 век од феминистичка перспектива, Групата ја поканува публиката на едно експериментално патување со оваа претстваа на еден лик! “Куќата на Нора” ги покажува и огледалото и светлината на општеството и системот во кој живееме! Тогаш, која од овие работи кои ги гледаме е реална?











