Денес облачно и врнежливо, од утре снег

0
376

Утринава под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот насекаде во земјава преовладува облачно време, во западните и источните делови со  врнежи од дожд а на планините од снег. Во западните делови врнежите повремено се со умерен интензитет. Дува слаб ветер од јужен правец.

Времето денес:Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде локално ќе наврнат над 15 л/м2.Ќе дува умерен јужен ветер.Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени.

Времето утре облачно и студено, во поголем дел од земјава со врнежи од снег, во југоисточните делови со врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на замрзнат дожд. На повеќе места уште претпладне ќе се формира снежна покривка.Ќе дува умерен северен ветер. Дневните температури значително ќе опаднат и ќе се движат во интервалот од 1 до 7 степени.

 

Од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса која ќе предизвика облачно време со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Локално ќе има услови и за појава на замрзнат дожд. Најмногу врнежи ќе има утре, кога на повеќе места се очекува да наврнат околу 20 л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот, кога врнежите ќе бидат претежно од дожд.