Денес сончево, утре дожд

0
344

Сончево со мала локална облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер поизразен во западните делови од земјата и таму ќе е од југозападен ветер. Температурата во интервал од 5 до 9 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време, од сабота попладне со врнежи од дожд, на планините снег. Повеќе врнежи ќе има во недела, на крајот од денот ќе се префрлат кон исток и ќе поминуваат во врнежи од снег понекаде на повисоките места. Врнежите ќе завршуваат во понеделник наутро, но во понеделник преку денот ќе биде студено и ветровито со повремено засилен северен ветер.