Во последниот период една од поатрактивните теми која доби на актуелност е некогашниот објект ,,Парк” кој, покрај Офицерскиот дом Битола, важи за еден од објектите со богато, културно-историско значење и се истакнува како значајна градба која заслужува да си го врати сјајот и да ѝ се даде живот.

Офицерскиот дом Битола го знаеме сите, познат е по својата убавина и прекрасниот парк кој го опкружува, но срцето на Офицерскиот дом, некогашниот ресторан ,,Парк” денес, претставува само една руина која не само што ја грди сликата на една од најбогатите градби во градот лоцирана на главната улица, туку претставува и лоша слика за туристите и посетителите на градот.

Моменталните случувања поврзани со реконструкцијата на „Парк“ за јавноста се познати. А за историјата?
Повозрасните знаат за него. Тој бил една од атракциите во градот каде што се јадела вкусна чорба и се одржувале свадби, крштевки и собиранки, имало и сценски настапи и се свесни за неговата историја, но како младите и заинтересираните надвор од локалната средина ќе ја разберат потребата за реконструкција на овој објект, а притоа на интернет не постојат објаснувања за богатствата и радоста која ја носел објектот во минатото.
Помладите можеби не знаат. Нивниот интерес е нешто друго. Ако пак се заинтересираат и седнат на интернет да напишат што бил овој објект во минатото, ќе ги добијат следните информациии.

Од пребарувањата на интернет за историјата на „Парк“ не успеавме да пронајдеме подетални инфомации.

За него постојат само информациите кои медиумите ги напишале во перидот на актуелните случувања поврзани со неговата реконструкција и обновувањето како на изгледот, така и на неговите простории. Назначена е културната вредност, но никаде не е објаснета историјата со цел заинтересираните, а особено помладите генерации да можат исто така да ја разберат неговата вредност.
Ако денеска кажавме што има на интернет за парк, во следнен прилог ќе информираме што во надлежните институции има за оваа градба.
Сара Трајчевска












