Деновиве на Бит – Фест

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во рамки на Бит – Фест, деновиве битолчани имаа можност да ги проследат следниве настани:
И тоа на 06 јули „World Jazz Orchestra“ Во Пациото на ЗМГ се одржа концерт на светскиот оркестар на Џејмс Џез (ЈМ JWO). Настапот на Бит Фест е дел од европската турнеја на Светскиот оркестар на џезот, во чии рамки млади музичари од 12 различни земји од 6 различни континенти ги посетуваат Македонија, Бугарија, Хрватска и Словенија предводени од меѓународно признатиот  американски тромбонист, композитор и просветител Луис Бонила.

А потоа на 07 јули во изложбениот салон на Завод, музеј и галерија Битола се бараше место повеќе за концертот на француска класична музика, на кој во саботата настапија Фредерик Легранд на виолончело, Марко Поп Ристов на виолина и Марија Вршкова на пијано. Концертот, на едно место донесе двајца врвни светски музичари кои и се познати на битолската публика и кои потенкуваат од Битола, како и французинката Фредерик Легранд, која за прв пат настапи пред битолчани.
На програмата беа изведени дела од француски класични композитори.

На 09 јули во концертната сала на НУ ЗМГ, во рамките на битолското културно лето се одржа концерт на младинскиот и мешаниот хор при КУД Стив Наумов Битола. На програмата беа изведени дела од духовната музика, дела од македонски автори и современи преработки.

И на 10 јули „Културниот, традиционалниот и верскиот развој на Влашката заедница во Битола“, беше насловот на трибината која се одржа во НУУБ „Свети Климент Охридски“, како дел од програмата на битолското културно лето „Бит Фест“. Мултимедијалното презентирање на документираните материјали, фотографии и видеа, овозможи прошетка низ дел од историското минато на Влашката заедница, при што посебен акцент беше ставен на значењето на Браќата Манаки.

Share.