ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈА ОДБЕЛЕЖАН ВО СВР БИТОЛА

СВР Битола денес со низа свечености го одбележува 7ми Мај -Денот на полицијата.

Заеднички со сите граѓани, претставници на институции, здруженија, соработници, а посебно најмалите од градинките “Пролет “,”Снегулка”,”Мали генијалци “и ученици од основното училиште “Даме Груев ” како и учениците од сообраќајната училишна единица од “Таки Даскалот”од Битола и оваа година на овој ден имавме отворен ден како во Битола така и во останатите градови (Ресен, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод) при што истите со нивното присуство не почестија како најдраги гости во просториите на СВР Битола и останатите ОВР, велат од полиција.

На истите ,полициските службеници им ја презентираа опремата и ги запознаваа со нашето секојдневно работење и извршување на секојдневните активности, а од нивна страна беа почестени со безброј пораки, цртежи, изработки на сообраќајни знаци, песнички, игри и сл.

„Нашите простории и денес како и секој ден се отворени за сите граѓани на СВР Битола и нашето мото и денес им го презентиравме на присутните дека -Полицијата е во служба на граѓаните – ние сме тука да ја гарантираме нивната безбедност и заеднички да придонесеме за побезбедна средина за живеење на сите граѓани“ велат од СВР Битола.

Фото: СВР Битола