Денот на превенцијата одбележан со најмладите

0
365

Денот на превенција во битолската полиција одбележан со најмладите. Пред децата од градинките, основните и средните училишта припадниците на полицијата ја презентира полициската опрема и моторните возила.

Според воспитувачите кои што денеска ги сретнавме во СВР Битола децата уште од најмала возраст се запознаваат со безбедноста како начин на заштита, го имаат основното познавање на безбедно минување преку улица, минување на пешачки премин, светлосната сигнализација на семафорот како и тоа дека чичко полицаец е пријател на децата.

За Денот на превенцијата, во секоја полициска станица на подрачјето на СВР Битола, се спроведуваат низа активности, во поглед на промоција на Полицијата со акцент на превентивните активности кои се спроведуваат од страна на Отсекот за превенција, со единствена цел подобрување на комуникацијата и довербата помеѓу граѓаните и полицијата.Од полиција велат дека спроведуваат проекти, кои имаат за цел намалување на стапката на криминал, зачувување на јавниот ред и мир, зголемување на безбедноста во сообраќајот-за сите возрасти и категории на граѓани.

Организацијата на Обединетите Нации (ООН) на 9 декември 2003 година во Мерида ја усвоија Конвенцијата за борба против корупција (УНКАК), чија основна цел е унапредување и јакнење на мерките за ефикасно и успешно спречување и борба против корупцијата. Република Македонија, во 2007 година ја ратификуваше Конвенцијата на ООН, со што формално се приклучи на глобалните процеси за борба против корупцијата. .На 09 ти декември во 2008 та година за прв пат во земјава беше одбележан денот на превенција со самото формирање на тимовите инспектори по превенција.