Денот на шегата во Новаци (ФОТО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во општинскиот двор со најразлични маски продефилираа дечињата од Центарот за ран детски развој “Бамби” од  Новаци.Како и секојa година така и оваа ја посетија општина Новаци и пријатно ги изненадија вработените. Продефилираа спајдермени, принцези, кувари, вештерки, штрумфети, пчелички,полицајци, кралеви и што уште не.

Ова е веќе редовна практика дечињата од игротеката Бамби за сите поголеми празници да ја посетат општината.

Легендата вели, а на легендите некогаш треба да веруваме, дека Французите во некои области во средниот век, Новата година ја славеле една недела: прославата почнувала на 25 март а завршувала на 1 април. Меѓутоа, во 1582 година се усвоил Грегоријанскиот календар, според кој Нова година се слави на 1 јануари. Очекувано за време без комуникации какво што го познавеме денес, оваа вест не стигнала на време до сите делови на Франција, па имало и такви кои Нова година и понатаму ја дочекувале на Први април.

Празникот настанал така што добро информираните ги исмевале другите.

Секако, оваа теорија има некои многу сериозни недостатоци, но бидејќи денеска е Ден на смеењето, а смеењето е лек за се, за грешките во теоријата можеби во некоја друга прилика.

Исто така, традицијата за Денот на шегата постои и на Исток. Имено, Иранците меѓусебно се шегуваат на 13 ден на Персиската Нова година, која паѓа на 1 или 2 април. Овој празник е воспоставен уште во 536 година п.н.е. се вика Сиздах Бедар и е најстара традиција на шегата од тие кои ги познаваме денес. Поради тоа се верува дека Први април има свои корени и во оваа традиција.

Share.