По примерот на Хрватите и граѓаните од земјите на регионот Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија и во Македонија преку социјалните мрежи беше повикано на бојкот на маркетите поради високите цени.
До 14.00часот во Битола нема голема разлика што денеска како пазарен ден е најавен бојкот. Купувачи има, не во толкав број како другите денови, но, исто колку во деновите од крајот на месеците. Денеска е 31 јануари и тие што влегуваат да купуваат , купуваат само леб и млеко ако им зафалило.
Дозвола за исполнетоста или празнотијата на маркетите не успеавме да добиеме, некои од сопствениците сметаа дека доколку дозволат, според снимките веднаш ќе се дознае кој маркет е и, стравуваат од потенцијално погрешните заклучоци – дека го поддржуваат бојкотот. Оттука, денеска во вестите само неформални податоци дека на крајот на месецот бројот на фактури е редовно помал. Сепак!
Споредувано со другите работни денови и во денови кога граѓаните имаат уште од својата плата, денеска до пладне имало помала фреквенција на купувачи. Денот во однос на продадените производи е послаб, што значи бојкотот влијаел врз денешниот промет на маркетите.

Протестот најавен преку солцијалните мрежи има цел да го сврти вниманието кон растот на пазарната цена на голем дел од прехранбените производи, да се направи проверка дали маркетите неправилно и без контрола ги поставуваат цените на производите. Кон тоа водат и неформалните информации дека во различни маркети во градот има различна цена на одредени производи, кои можеби производителите ги понудиле со попуст.
Владите на сите земји, вклучително и нашата побрзаа да ја дадат поддршката на граѓаните кои на овој начин го вртат вниманието кон своите права како потрошувачи и кон ценовните мерки со кои од лани сите политичари се обидуваат да ја ублажат состојбата на брзорастечкиот пораст на цените и на глобално ниво.
Економските аналитичари посочуваат дека економската политика на државите ја креираат владите и дека диригентското стапче е во нивни раце – преку механизмите што ги имаат . На пример намалување на акцизите, персоналниот или данокот на добивка.
Точните податоци за прометот во маркетите денеска во Битола и другите градови од државата ќе се знае од утре. Системите ги снимаат трансакциите во готовина и со картица на 24 часа.
Според податоците на хрватската Даночна управа, за време на бојкотот таму на 24 јануари, бројот на издадените фактури/сетки бил намален за 44% во однос на денот без бојкот, а вкупниот износ бил намалена за 53%.












