Десетици загинати и над 100.000 евакуирани во поплавите во централна Кина

Големите поплави во централна Кина предизвикани од рекордни врнежи од дожд оставија најмалку 12 загинати, а повеќе од 100.000 се евакуирани од своите домови, објавија денеска државните медиуми. Градовите низ провинцијата Хенан беа погодени од поплавите, вклучително и главниот град на провинцијата, Женгжу со повеќе од 10 милиони жители. Улиците во градот се претворени во реки, а метро станиците се поплавени.

Видеа споделени на социјалните мрежи покажаа како автомобили пловат по улиците. Застрашувачки видеа има со патници во метрото заробени во вагоните полни со вода. Неколку видеа од подземната железница покажаа безживотни тела на удавени луѓе.

„Ваков вид врнежи од дожд обично се забележува еднаш во 100 години. Ситуацијата е мрачна”, се вели во соопштението на градските власти во Женгжу. Во текот на ноќта, властите соопштија дека поплавување предизвикало 20-метарско пробивање на браната Јихетан во градот Луојанг и дека браната „може да се сруши во секое време“. Кинеската армија е испратена во областа за контрола и спасување на поплавите.

slobodnaevropa.mk

Сподели