Десетици повредени во протестите во Албанија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По протестот во близина на тунелот Калимаш во близина на Кукуш во Албанија, граничниот премин Врбница – Морина е отворен за сообраќај, а албанските медиуми јавија дека во конфликтот на демонстрантите и полицијата се приведени дванаесет припадници на полициските сили и значителен број од демонстрантите.

Албанскиот министер за внатрешни работи, Фатмир Џафај, на прес-конференцијата во Тирана, изјави дека од дванаесетте повредени лица припадници на полициските сили за итни интервенции на албанската полиција, еден е тешко ранет.

За сега нема точни податоци за бројот на повредени од учесниците на протестот, кој започна во 11 часот пред влезот во тунелот Калимаш од страната на Кукуш.

Претходно, косовската полиција изјави дека албанските власти привремено го затвориле преминот Врбница – Морина, со Косово, поради протест во близина на тунелот Калимаш, организиран како резултат на воведувањето патарина на автопатот кој го поврзува Косово со Албанија.

Share.