Десет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

0
313

Со полагање цвеќе на спомен – обележјето кај катлановско Блаце, денеска ќе се одбележат десет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада на АРМ.

Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на 12 јануари 2008 година околу 9 часот и 30 минути полетаа со хеликоптерот „МИ 17“ од базата Бутмир кај Сараево.

Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта.

Во несреќата животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

a1on.mk