Десковска „ќе го чешла” Законот за извршување

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Новата министерка за правда Рената Дескоска  по преземањето на функцијата од нејзиниот претходник Билен Саљији, најави дека нејзина првенствена заложба ќе биде подобрување на состојбата на граѓаните со остварувањето на нивните права и реформите во судството.

– Еден од првите приоритети е измена на Законот за извршување со цел да се овозможи поправеден систем со помали трошоци во постапките пред извршителите, изјави Дескоска.

Вториот приоритет, посочи таа, се реформите во судството со оглед на тоа што во Министерството за правда веќе е донесена стратегија за реформи.

– Во догледен период ќе следи процес на преговори со оглед на тоа што дел од законите се носат со двотретинско мнозинство, за да може да се изменат. Тие што не се носат со двотретинско мнозинство очекувам да се донесат со најширока можна поддршка во Собранието, бидејќи навистина имаме волја судството да го направиме независно и да овозможиме правна основа за негова независност. Сметам дека тоа треба да биде од интерес на сите политички партии, изјави Дескоска.

Share.