ТЕРА

REKLAMA???

ДЕСПОТОВСКИ ДЕНЕСКА ПРЕД БИТОЛСКАТА СДСМ ЌЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРА ПРОГРАМАТА

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски денеска ќе ја презентира својата програма пред членовите на СДСМ во Битола. Средбата е закажана за 19.30 часот во ОО на СДСМ Битола, стои во информацијата на Деспотовски до медиумите.

„Нов почеток, нов СДСМ е програмата со која ја барам поддршката за претседател на СДСМ. Во фокусот се луѓето, а ова е програма која кој обединува, а не фаворизира, и во која ќе има место за сите предлози и идеи на луѓето кои искрено ќе се вложат во партијата повторно да го врати интегритетот и местото што го заслужува.

Програмата нуди конкретни мерки и поинаков пристап во креирањето и во спроведувањето на политиките, унапредување на демократските процеси во партијата, професионализација на партиските тела со цел поголема ефикасност и воведување на култура на прифаќање и почитување на различни ставови и мислења“ вели Деспотовски.