Дестини, претставникот на Малта фаворит на овогодинешниот Евросонг

Црномурестата Дестини, која има потекло од Нигерија, Африка, веќе ја освои Евровизија, тогаш кога победи на онаа Детска во 2015 година.

Со претставничката на Малта на “Евровизија 2021“ се потврдува уште еднаш дека на овој фестивал можете да ја преставувате и туѓата земја, не само својата. Пејачката Дестини и ако по потекло не е од Малта, на евровизиската сцена во Холандија ќе пее под знамето на оваа Медитеранска Островска земја.

Сите ониe кои се обложуваат деновиве велат дека таа има најубава песна и дека наредниот мај во 2022 година “Песна на Евровизија“ треба да се одржи во главниот град на Малта, во Ла Валета и конечно без присуство на короната. До почетокот на годинешниот фестивал останаа нешто околу 40 дена, а од обложувалниците најчесто се слуша пеењето на Дестина која брзо ги освои слушателите…..“Je me casse, If you don’t get it, Please forget it, Je me casse….I’m not your baby”….

Британскиот „Смаркетс“, исто така прогнозира за нејзината победа, а тој ретко кога греши, па останува сепак да видиме каков ќе биде крајниот резултат во големото финале. Цврсто се надеваме дека во тоа финале ќе го видиме и нашиот Васил Гарванлиев, секако под знамето на Македонија. Гарванлиев ќе не претставува со песната насловена  „Here i stant“ (тука стојам), Васил е автор на музиката и текстот, а аранжманот и продукцијата се на Борче Кузмановски и Давор Јордановски. Придружните вокали се снимени во Чикаго, а ги пеат некогашни членови на Детскиот хор на Чикаго, во кој пеел Васил кога како дете живеел во Америка.

Да потсетиме дека Организаторите на „Евровизија“ потврдија дека настапите на 39 пејачи ќе бидат одржани во Ротердам на 18, 20 и 22 мај, со строга физичка дистанца помеѓу 3.500 гледачи во самата Арена, а се поради заштита од коронавирусот

Сподели