ТЕРА

REKLAMA???

ДЕТСКИ КАМП ЗА КЛАСИЧНА МУЗИКА, ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Проектот “Kids Classical Music Camp” се реализира од 12 – 16 јуни во Битола. Главен организатор и лидер во овој проект е Здружението Пијано од Битола, а партнери во проектот се Здружението ” Gradus Ad Parnassum” од Сремска Митровица, Србија и музичкото училиште ”  Tefta Тashko – Koco ” од Корча, Р. Албанија. 

Раководните лица на здружението „Пијано“, Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска истакнуваат дека на овој петти повик од Western Balkan Fund и втор повик кој што е поддржан од Европската Унија, од вкупно 347 апликации, избрани се 36 проекти, по 6 од секоја земја членка на Западен Балкан, меѓу кои и проектот ” Kids Classical Music Camp” на здружението “Пијано”.

Освен културна размена и споделување на искуства, во овој проект е предвидено и споделување на знаења, па така во текот на проектот ќе бидат реализирани 4 работилници и тоа 2 од страна на земјата домаќин – Македонија, една од гостите од Србија и една од гостите од Албанија.

На 14.06. во КИЦ – Офицерски Дом ќе се одржи концертот на учесниците во овој проект, кој како круна на 4-те денови поминати заедно во меѓународна културна симбиоза, ќе блесне и ќе го заокружи настанот, со што нашиот град Битола ќе се збогати со уште еден културен настан за паметење. Самиот проект структурно коципиран е врз идејата за што поголема мобилност и размена на култури помеѓу земјите од Западен Балкан.