Детски цртежи ќе се најдат на кориците на германски писател

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ученици од деветто одделение од О.У. Климент Охридски – Битола, денес учествуваа на работилница која ја водеше германскиот писател и илустратор Јенс Расмуст, а во соработка со Гете институтот. Овој институт од 2015 е активен во државата, денес беа дел од оваа работилница и ја истакнаа целта на овој институт.

Денешна задача на учениците беше да работат со нивната фантазија и да налсикаат цртежи кои подоцна писателот и илустратор Расмуст ќе ги искористи за кориците на неговите дела.

Преку вакви работилници учениците имаат можност одблиску да се запознаат со автентичноста на германскиот јазик, но и култура, уметност, книжевност и се останато што може да го збогати нивниот дијапазон на знаење. Детскиот писател и илустратор Јенс Расмуст преку покана на Гете институтот веќе една недела е во Македонија и посетува различни училишта каде преку креативна работилница одблиску ги запознава децата со германската култура и јазик, а бил и во училишта низ други држави.

Расмуст вели дека помеѓу децата нема разлика, без оглед од која држава се и дека токму тие се неговата најголема инспирација за да ги создава своите дела.

Учениците добија и дел од неговите претходни изданија, а сликаа различни цртежи, преку кои го усовршуваа германскиот јазик, но и ја будеа својата фантазија.

Share.