Децата што не се вакцинирани не смеат во училиште

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На италијанските деца им е кажано да не доаѓаат во училиште ако не можат да докажат дека се вакцинирани. Оваа несекојдневна забрана е воведена по повеќемесечна расправа околу задолжителното вакцинирање.

Родителите на невакцинираните деца ќе бидат казнети со казни до 500 евра ако сепак ги праќаат децата во училиште. Децата под шест години ќе може да бидат враќани дома, пренесува Би-би-си.

Новиот закон е донесен среде бранот нови случаи на сипаници, кои, како и во многу други светски земји, доживеаја враќање поради падот на вакцинирањето меѓу општата популација. Сепак, италијанските власти тврдат дека вакцинираноста се поправила откако е донесен законот.

Стапката на вакцинираност падна под 80 отсто, додека Светската здравствена организација смета дека е потребна стапка од 95 отсто за да се сопре ширењето на заразата. Тоа е имено стапката кога се активира таканаречениот „имунитет на стадото“, што значи дека доволен процент од популацијата е вакциниран за речиси да се оневозможи ширење на заразата меѓу оние кои не можат да бидат вакцинирани: бебињата премали за вакцинирање и болните со компромитиран имунитет.

mkd.mk

Share.