Деца на 16 години веќе нема да можат да полагаат испит за возачка дозвола

0
1370

Дете може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило од „Б“ категорија доколку има наполнето 17 години возраста не на 16 години како што беше според стариот закон, информирраат од МВР.

Министерството за внатрешни работи ги објави најновите измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Како што е наведено во соопштението, новите измени најмногу ги засегаат повозрасните возачи постари од 70 години, како и најмладите возачи кои сè уште не се полнолетни.

-Возачката дозвола се издава со рок на важење од десет години, а на лицата постари од 70 години, со рок на важење до три години. Според стариот закон старосната граница беше со 65 годишна возраст. Исто така возачката дозвола им се издава со рок на важност до денот на навршувањето на 70 години возраст. Според стариот закон старосната граница беше со 65 годишна возраст“, стои во соопштението.

Таму е наведено дека на контролен здравствен преглед задолжително подлежи возач кој наполнил 70 години возраст, во временски интервали кои не можат да бидат подолги од три години ,според стариот закон старосната граница беше со 65 годишна возраст.

-Дете може да се стекне со право на оспособување за управување со моторно возило од „Б“ категорија доколку има наполнето 17 години возраст наместо 16 години според стариот закон. Со трактор може да управува лице кое треба да има наполнето 17 години“, информираа МВР.